Никола Груевски поднесе оставка од пратеничката функција

0
75

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски  поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на РСМ.

Тој се огласи преку својот Фејсбук профил. Најави дека во текот наредните денови ќе го извести и собранието.

-Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.
Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности, пишува меѓу другото Груевски.

Подолу може да го прочитате целото образложение од поранешниот премиер за неговата оставка.

 

Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања,…

Gepostet von Nikola Gruevski am Samstag, 1. Juni 2019