Одговорноста за неуспехот треба да ја бараме внатре, а не надвор, најмалку со процедурални алиби

0
209

Претседателскиот кандидат на последната изборна трка во Северна Македонија, проф. Блерим Река коментираше за неуспехот да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Тој ова го рече на  својот фејсбук профил.

Еве што напиша професорот Река:

“Кажан, бидна”: нема датум во јуни

Моето предвидување, нажалост излезе точно. Во вторник, Европскиот Совет нема да предложи датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Секако не се радувам, особено не како амбасадор, во чиј мандат, во 2009 ја добивме првата позитивна препорака. Но се обидував да објаснам дека: НАТО е геополитика, а пак ЕУ е техника. За првата е важнa безбeдноста, за втората – владеење на правото. Инаку, Албанија – 10 години НАТО членка – одмана ќе проговараше со ЕУ.

Што понатаму? Ни треба реална трезевност. Одговорноста за неуспехот треба да ја бараме внатре, а не надвор, најмалку со процедурални алиби. Најлошо, е сега вината да ја префрлиме кон земјите членки – а не кон себе. Најмалку: креирање на анти-ЕУ расположение. Големите очекувања: “во јуни добиваме датум”, завршија со мал резултат. Ветувањата, носат разочарување. Членството во ЕУ е штафетен маратон, кој не зависи од датуми. Ни преостанува, да ги менаџираме преголемие очекувања со датумот; за да немаме нови разочарувања, заробени од нови датуми: септември, октомври, крајот на годината…