Општина Центар урива диви тераси на кафулиња

Општина Центар утрово почна со уривање на диви тераси на кафулиња, најмногу во Дебар Маало.

Сите објекти кои ќе се уриваат имаат отстапување од Правилникот за летни тераси. Најчесто имаа одобрение за на пример икс метри летна тераса, а зафаќаат двојно или тројно повеќе, притоа узурпираат јавен простор” , велат од Општина Центар.