Османи – Од динамиката на евроинтеграции ќе зависи динамиката на реконструкцијата на владата

0

Османи – Од динамиката на евроинтеграции ќе зависи динамиката на реконструкцијата на владата

Раководството на ДУИ на седница на Централно претседателстово во Мала Речица, дискутираше за подготовките за партискиот конгрес, за чии подготовки денеска започнуваат изборите во партиските ограноци. Прашан околу реконструкцијата на владиниот кабинет Османи потенцирал дека двајцата лидери, Ахмети и Заев, интензивно комуницирале околу оваа прашање, но актуелно приоритет останува европската агенда односно најавената средба Меркел – Заев во Берлин.

-Се обидуваме да ги усогласиме внатрешните процеси со тие надворешни. Во четврток ќе бидеме во Берлин каде ќе се дефинира динамиката на интеграциите и врз основа на оваа динамика, ќе се дефинира внатрешното прашање. Затоа до тогаш, не можеме да кажеме каков пристап ќе имаме во врска со реконструкцијата, рече Бујар Османи од ДУИ