Пендаровски откако ги прими ракометарите им порача – На многумина коишто се родени овде им одржавте лекции по патриотизам.

0

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар,

„Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен настап и на спортскиот терен, и надвор од него, со што ја покажавте вашата голема човечност. Најголемиот дел од вас, не се родени овде, но на многумина коишто се родени овде, им одржавте лекции по патриотизам. Покажавте дека сте врвни спортисти и врвни луѓе, ова второто за мене отсекогаш било поважно од она првото. Ви благодарам за тоа. Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата“, рече претседателот Пендаровски.