Започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа, објави Нова Тв Денеска 25.794 домаќинства на нивните трансакциски сметки добија гарантиран минимален приход, која што за поголемиот дел од нив е зголемена за 100%. На сите овие домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток. Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекуваме овие бројки да продолжат со растат.
-Навистина ми е драго што спроведувањето на реформата се одвива непречено и нашите најранливи граѓани конечно ја добиваат помошта која им е потребна. Со овие промени ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Директорката на Центар за социјални работи на град Скопје, Наташа Станојевиќ којшто покрива најголем дел од корисниците во државата ги повика домаќинствата да поднесуваат барања за остварување на правото за родителските додатоци (додатоците за прво, второ и трето дете) како и за детскиот додаток./Извор Нова Тв/