Пронајдено 6 годишното дете од Прилеп кое исчезна на 18 мај додека играло на спортскиот центар Тетово

0
61

 

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи во Скопје го пронашле 6-годишното дете, кое на 20-ти мај годинава од 29-годишник од Прилеп во Секторот за внатрешни работи Тетово беше пријавено дека вечерта на 18-ти мај околу 21 часот го снемало додека играло на Спортскиот центар во Тетово. Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и често пати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување.

Полицискиот билтен регистрираше и напад кон полициски службеници

Вчеравечер околу 21 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на улица „113“ во Тетово забележале патничко возило „Пежо“ со тетовски регистерски таблици, кое без возачка дозвола го управувал 18-годишен тетовец и кое на нивен даден знак не застанало и продолжило да се движи кон улица „Благоја Тоска“. Набрзо потоа, возилото застанало и се паркирало на друго место, а 18-годишникот започнал да се однесува агресивно, да ги навредува, омаловажува и да им се заканува на полициските службеници. Тој приведен е и задржан во Полициската станица Тетово и изготвени му се законски предвидените поднесоци.