Пронајден хероин физички напад исчезнато лице бележи полицискиот билтен

0
69

На 21.06.2019 година околу 12,00 часот во Тетово на улицата “Киро Ристевски-Дрнц“ од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведени се С.Џ.(48) и Ш.А.(47) и двајцата од с.Калишта-гостиварско. Кај нив биле пронајдени шест пакетчиња со хероин. Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Полицискиот билтен бележи и физички напад и исчезнување на повозрасно лице.

На 21.06.2019 годинаво 22,50 часот У.А.(38) од с.Желино-тетовско пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот во с.Форино-гостиварско бил нападнат од И.Е.(51) од с.Форино, кој му одзел торба. Преземени се соодветни мерки и активности и И.Е. бил приведен во полициска станица.

На 22.06.2019 во 01,00 ч. во ПС-Тетово А.Е.(31) од Тетово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.Т.(61), по претходна семејна расправија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.