РК Вардар во финале ќе ја брани титулата

0
339

 

Чудо во Келн, Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона со 29:27, македонскиот тим се врати од седум гола негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.

Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имавме негатива од седум гола разлика, но чудо се случи!

Првото полувреме навестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната партија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум гола. На одморот заминавме со негатива од дури седум гола разлика.

Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи сензација.

Во последните минути Барселона тотално се изгуби, одбраната на Вардар играше феноменално, нападот даваше голови. Каталонскиот тим во последните 15 минути даде само два гола. Тимот на Парондо делуваше фокусирано во нападот и на крајот слави неверојатна, магична победа од 29:27._мкд.мк