Трамп ја објави кандидатурата за уште еден претседателски мандат

0
60

 

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја започна својата предизборна кампања за уште четири години на претседателската функција.

Официјалната одлука да се кандидира за уште 4 години во Белата куќа, тој ја објави синоќа, пред илјадници приврзаници на митингот во Флорида.

-Вечерва стојам пред вас за официјално да ја започнам мојата кампања за втор мандат како претседател на САД, изјави Трамп за приврзаниците. „Ви ветувам дека никогаш нема да ве изневерам”.

Флорида е една од одлучувачките држави и каде Трамп обезбеди тесна поддршка во 2016 година.

-Ќе продолжиме повторно да правиме Америка најдобра, изјави Трамп во неговиот познат слоган, но прилагоден на новата кампања.

Во неговиот 80-минутен говор, тој ги повтори клучните теми од неговата кампања за 2016 година.

Вети дека ќе продолжи со остри мерки против илегалната имиграција.

-Ние веруваме дека нашата земја треба да биде светилиште за граѓаните што ги почитуваат законите, а не за странци криминалци, рече Трамп пред поддржувачите во Флорида.

Тој, исто така, ги обвини демократите дека сакаат да ја легализираат нелегалната имиграција со цел да ја зајакнат својата гласачка база и дека „сакаат да ја уништат нашата земја“.