Уапсен братот на ЕЛ ЧЕКА

Блерим Ахемети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, денеска е уапсен од страна на полицијата, пренесе Фактор.

Тој пред неколку дена беше и на чело на протестот на ДУИ.

Засега е познато дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела – напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.

И Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.