– Значајна сума на пари се оддели за зголемување на платите на лекарите во Македонија. Значајно се зголеми и сумата на пари кои ги земаат лекарите и сестрите за дежурства и ноќни смени. Еве веќе има лекари каде што заедно со дежурствата платата им е стигната до 100.000 денари.
Според него за да се задржат лекарите во земјава не е причина само големата плата туку и условите за работа.
-Огромна сума на пари досега се одлеваше за странство, минатите години дури 50 милиони евра се одлеани во странските болници, замислете како би изгледале нашите болници со тие пари, доколку тие би се вложиле таму, додаде Филипче.