Ердоган најавен во Охрид на промоција на реконструираната Алипашина џамија

0
180

Турската амбасадорка во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара ја посети Алипашината џамија во Охрид и најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промоцијата на реконструираниот верски објект. Притоа истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

„Реставрацијата на овој објект беше сон на претседателот Ердоган. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата „Тика“ и вакавското здружение има реновирано повеќе објекти во Северна Македонија. Нашето пријателство е долгорочно и вечно“, рече меѓудругото амбасадорката Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно, дека било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со проектот.