Адеми – Професорот Милчин ја испревртува мојата изјава

0
270

 

Жалам што професорот Милчин ја испревртува мојата изјава, напиша Едмонд Адеми на фејсбук откако Милчин со обрати до него со зборовите – Како не ти е срам” по повод неговото интервју за „Радио Слободна Европа“, каде вели  дека се појавила хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО.Како што напиша Милчин станува збор за отворањето на пицеријата пред неколку дена кај Чинарот во Охрид, која што е дивоградба, во сопственост на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Општина Охрид.

-Јас никаде не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот, ниту пак нив ги третирам како скали или гаражи. Напротив велам дека постојат хотелски објекти, куќи и ресторани кои се дивоградби, но постојат и такви дивоградби како гаражи, скали, огради, тераси…итн.напиша министерот без ресор Адеми.