Амбулантните возила стари и по 31 година, противпожарните по 55

0
202

Во цела држава има само 183 амбулантни возила, а и тие се со просечна старост од 11 години, објави Телма Од тие, 30 се во Скопје, додека Охрид и Битола имаат по 12. Следат Велес и Куманово, каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари имаат по 31 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360 илјади километри. Најновите и најскапите, од околу 150 илјади евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје. Повеќето се добиени како донација, покажува новата база на податоци објавена од Центарот за граѓански комуникации.

За споредба, министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило. Слична е ситуацијата и со противпожарните возила.Нив во државата ги има само 220, а во оваа бројка спаѓаат цистерните, возилата за гасење пожар и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на овие возила е 27 години. Најстарите, кои имаат по 53 години, ги поседуваат Струмица и Валандово.

Директорот на Центарот за управување со кризи вели дека е свесен за овие проблеми, но недостигаат пари.

Во државата не проработе ниту единствениот број за итни повици, 192, што е стандард во ЕУ, а комуникацијата на тимовите на терен што се покажа како слабост при големите кризни ситуации во државата, како поплавите во скопскиот регион и автобуската несреќа кај Ласкарци, ќе се олеснува со новиот дигитален систем за управување со кризи, донација од НАТО.

Новиот систем треба да почне да функционира од 1 декември идната година, а за неговата примена се обучуваат 552 лица.