Ване Цветанов: Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата што ми ја даде Зоран Заев

Ване Цветанов му се заблагодари на премиерот Зоран Заев откако го именува за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата од страна на Владата.

„Благодарност за дадената доверба од страна на Премиерот Зоран Заев. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одгововорам на овој предизвик, кој што е чест за мене.“, напиша Цветанов доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.