(Видео)УНЕСКО му даде последна шанса на Охрид- до февруари да се урнат над 1000 дивоградби

0
126

Охрид засега се спаси и не се најде на листата на загрозени подрачја. УНЕСКО денеска на состанокот во Баку му даде уште една шанса на градот. За седум месеци, односно до први февруари мора да ги исполни сите 19 препораки дадени од Комитетот за зачувување на заштитениот регион. Како прв чекор на охридските власти е рушење на дивоградбите кои во Охрид ги има дури 1076 од кои повеќе од 400 се на крајбрежјето на езерото. Министерот за дијаспора по донесување на одлуката изјави дека е време сите да се фатат за работа.

-Ова е ветер во грб за оваа Влада, Време е за заедничко координирано делување, време за компромиси нема. Ги повикувам и граѓанските организации заеднички да го водфиме овој заеднички процес. Верувам дека оваа Влада и за ова прашање ќе испорача резултати, изјави Едмонд Адеми министер без резор задолжен за дијаспора

На седницата во Баку заштитено подрачје стана и охридското езеро во делот на албанската страна и според заклучоците и двете земји треба заеднички да соработуваат за зачувување на наследството.

-Ние веруваме дека времето кое ќе биде дадено на двете земји ќе го искористат за да направат промени и дека нема да се најдат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, вели претставник на Унгарија во УНЕСКО

И додека Охрид засега останува под заклрилата на УНЕСКО, продолжуваат партиските препукувања дали локалната самоуправа е способна да ги исполни препораките. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека предвидените пари на градот не се доволни за рушење на дивоградбите.

-Само да потенцираме дека Охрид има тендер од 20 000 евра за рушење на сите дивоградби. Ова е смешно и просто се прашуваме как ое возможно со нив да се срушат над 1000 дивоградби? Со тие пари не можат да се срушат ниту дивоградбите на Нефи Усеини кои се огромни, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, тврдат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е главен виновник за состојбите во охридскиот регион поради 11 годишните злоупотреби, криминали и провизии.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Ќе направиме се, препораките да се имплементираат, Охридското езеро да не биде загрозено, велат од СДСМ.

Покрај рушење на дивоградбите, охридските власти треба да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото.

 

Извор Сител