(ВИДЕО) Заев:нема протокол што може да ме спречи да се јавувам од мојот телефон

0
89

Премиерот Заев вели дека не постои протокол кој може да го ограничи директно да комуницира со претседатели или премиери. Најави дека ќе продолжи да ги користи вибер, ватс-ап, телеграм, сигнал и сите алатки за телефонска комуникација бидејќи бил таков, непосреден како човек.

„Нема протокол што може мене да ме ограничи ако сакам да Ви се јавам Вам (му се обраќа на новинарот н.з), ако сакам да му се јавам на премиерот Харединај, на премиерката Брнабиќ, на Андреј од Хрватска или на кој било. Немам намера кога следниот пат ќе му се јавам на Борисов, или на кој било премиер или претседател од Европа или од светот да барам одобрение од некој протокол. Комуницирам, оти мислам дека е тоа од помош и за добробитта на мојата земја“,

изјави денеска премиерот Заев.

Тој рече дека се до завчера не знаел дека станува збор за комичари а не за екс-претседателот Порошенко. Било уверен дека има комуникација со него. Тој се присетува дека и самиот го повикувал тој број па дури и дека преку пораки, со тој број разменувал и фотографии.

„Во тоа време јас верував дека имам комуникација. Како што добивав слики од парадата на војската во Украина од таканаречениот или лажен претседател Порошенко, јас сум праќал слики од посетата на Меркел или слично. Како што тие ме барале и јас да сум ги барал, верувајќи дека е претседателот Порошенко. Дури завчера сфатив дека не е Порошенко“,

рече Заев.