ВИДЕО: Кучиња скитници спасија бебе – камерите снимија мајка како фрла дете во одвод во Индија

Кучиња скитници спасиле бебе кое една Индијка го фрлила во одвод.

Камерите снимиле шокантно случување во градот Кајтал каде жената замотала новороденче во ќесе и го фрлила во одвод.

Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата скитници. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење привлекле внимание на минувачите, за да повикаат полиција.

Детето потоа било пренесено во болница каде му била укажана лекарска помош.

Кога било пронајдено, бебешко еден килограм и имало повреди на главата.

Полицијата уште трага по мајката.