ВМРО-ДПМНЕ: Железничкиот сообраќај во тотален колапс!

0
70

За железничката хаварија реагираа од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.Оттаму ја обвинуваат владата дека инвестициите во железницата им останува само празно ветување за граѓаните, на сличне начин како и лагата која ја говореа во предизборието за градење на 600 – ни километри автопатски делници низ Македонија. Опозициската партија смета дека власта е виновна за тешката ситуација во железници како финансиски, кадарно така и технички.

„Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев, а железничкиот сообраќај во државата е во тотален колапс. Железничкиот сообраќај, почитувани е небезбеден. Наместо ветувањето за посигурен и побезбеден железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи. Се почести се незгодите на патните премини, се почести се излизнувањата на локомотивите и вагоните од пругите“, рече Наум Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ.