ВМРО ДПМНЕ објави нов предлог закон за Јавно обвинителство

0
57

Законот предложен од Владата овозможува пресметка со опозицијата и заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт, изјави лидерот Мицкоски и предложи нов текст. Рече дека е недозволиво Катица Јанева да биде унапредена две скали, а останатите обвинители со закон да бидат преземени од новото обвинителство. Сите треба да се вратат онаму од каде што дошле.

ВМРО ДПМНЕ не се согласува предметите за кои е поднесено обвинение до 30-ти јуни 2017 да бидат превземени од новото обвинителство.

ВМРО ДПМНЕ се согласува со фузија на ресурсите на СЈО и на Одделението за организиран криминал, а предлага алатка за заштита од политички мотивирано обвинение што го нарекува „спрега и кочница“. Поздразбира надомест на штета од буџетот и од обвинителот доколку некому му е нарушен угледот со неиздржано обвинение. Го повика Републичкиот јавен обвинител Јовевски да реагира по допен глас.

Мицкоски се надева дека американскиот дипломат Рикер ќе се увери дека ВМРО ДПМНЕ е конструктивна опозиција и дека Владата е неконструктивна.

Текстот на предлог законот ќе биде поднесен во Собранието за неколку дена. Лидерот на опозицијата очекува за него да се разговара меѓу парламентарните групи, меѓу посебните работни групи, а може и на лидерска, доколку прво се дговори датум за предвремени избори.

Извор Телма