Во Гостивар нападнат полициски службеник, лишени од слобода 5 гостиварци кај двајца пронајден кокаин

0
229

 

На 12.07.2019 година околу 18,15 часот во Гостивар лишен од слобода е Ќ.Р. од Гостивар поради напад на полициски службеник при преземање на службени дејствија и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 12.07.2019 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле пет лица од слобода и тоа, околу 22 .45 часот : И.Џ (21) и А.Џ (18) од Горна Бањица и Л.А (18)од Гостивар, кај кои епронајдена марихуана. На 13.07.2019 во 3.10 часот исто така лишени од слобода се 17 годишник од Гостивар и С.М (25) од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.