Дома Вести Македонија Груевски се фотографираше на црвен тепих на бизнис забава во Будимпешта

Груевски се фотографираше на црвен тепих на бизнис забава во Будимпешта

Порнешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија повторно се појави во јавноста на нова бизнис забава во Будимпешта.

На официјалната страна на Фејсбук „Бизнис забава Будимпешта“ е објавена фотографија на која се гледа експремиерот Груевски фотографиран на црвен тепих со уште двајца мажи и една жена. На Фејсбук страницата е објавено дека на забавата присуствувале претставници на компании и поканети гости.

Ова е второ негово појавување на бизнис забава откако претходно беше „уловен“ на сличен настан на брод.