Дали новата, целосна снимка од разговорот меѓу Груевски и Јанкуловска, фрла ново светло на случајот со убиството на Мартин Нешковски?
Според Груевски, најголемиот дел од разговорот при објавувањето на бомбите бил намерно изоставен.
-Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде – пишува Груевски..
Од СДСМ, пак, се децидни – и со новата, подолга бомба, се потврдува дека екс-премиерот и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, свесно се обидуваат да прикријат дека сега осудениот Игор Спасов бил член на обезбедувањето на Груевски.
Инаку, Мартин Нешковски беше брутално претепан на 6 јуни, 2011-тата, на плоштадот Македонија, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, а МВР тогаш излезе со став дека нема информации за настанот. За убиството, на 14 години затвор, беше осуден припадникот на МВР – Игор Спасов.
Извор Канал5