Ел Чека со закана- Кумановски настани ќе се случат среде Скопје

0
121

Ако нема меѓународна истрага за “Диво Насеље” и не се расветлат сите убиства на припадници  на ОНА очекувајте уште едно Куманово среде Скопје.Ова е пораката која Ел Чека преку Фејсбук ја упати до Премиерот Зоран Заев

-Ако не се побара меѓународна истрага за сите неправедни апсења на Албанци во текот на сите овие години, ако не одат во затвор криминалците кои предаваа и убиваа, крадеа и затвараа, тогаш очекувај уште едно Куманово на сред Скопје. Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага, се вели во статусот на Фејсбук профилот на Ел Чека.