Само куршум за тебе копиле. Ќе ти го свирнам без око да ми трепне“. Закана со ваква содржина добил премиерот Зоран Заев, веројатно, преку социјалните мрежи, во контекст на неговата денешна средба и заедничка прес-конференција во Скопје со еврокомесарот Јоханес Хан.
Премиерот, како што соопшти, го пријавил случајот, откако за овој коментар го известила неговата ќерка.
Заев ја прочита заканата до него од собраниската говорница, во текот на седницата за пратенички прашања, а одговарајќи на прашање на пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали има политички реваншизам при наводни отпуштања од администрацијата на локално ниво.
-Пред околу еден час, мојата ќерка ми испрати коментар оставен за време на прес-конференцијата со еврокомесарот Хан. Има секакви појави. Го знаеме човекот. Знаеме од каде е, дека им семејство и деца. Го пријавив случајот и по него нека постапуваат институциите – рече Заев