Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.
-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов.
Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.
-Ове значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го во предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација, рече Арифи.
Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница, истакнаа дека во момнтов се размислува што треба приоритено да се направи.
-Владата сериозно размислува и она што во моментов се случува е првиот показател. Минатиот период многу се зборувало дека се сака да се инвестира, но тоа треба да се случи на дело. Владата инвестира во делот на патот и не само во делот на патот и секаде каде е потребно, бидејќи Попова Шапка е еден од клучните туристички центри во нашата држава и тоа ќе се случи, рече Сугарески.
Министерот Бектеши посочи дека во моментов се прават две анализи за економска оправданост за инвестирање во иднина што се под надлежност на Елем Турс.
-До октомври консалтинг агенција треба да ја достави анализата по што ние како Влада ќе одлучиме дали ќе биде под концесија или преку јавно приватно партнерство. Мора да има детална анализа, рече Бектеши.