УЕФА се очекува да побара објаснувања од Македонската Фудбалска Репрезентација дали со нејзини средтсва се врши промовирање на политичари и политички партии во нашата земја. Извори блиски со европската куќа на фудбалот за весникот Лајм изјавиле дека причина за алармот е присуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други челници на оваа партија, на поставување на камен темелникот на новата трибина на фудбалскиот стадион во Чаир, што се финансира од пари на УЕФА.