Лукаревска ја демантираше јавноста – Апликацијата МојДДВ е безбедна за преземање и употреба

0
70

 

Директорката на УЈП Сања Лукаревска ги демантираше информациите во јавноста дека апликацијата МојДДВ не е безбедна за преземање и инсталирање.

-Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ.
Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од каква било злоупотреба.
Имено, апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, сервис на мултинационалната компанија Google којашто има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот , стои во реакцијата на Лукаревска која ја објави на својата фејсбук страна