Најмалку 40 луѓе се убиени во воздушен напад во кој беше погодено прифатилиште за мигранти во источно предградие на Триполи, Либија, а уште 80 се повредени.
Повеќето од загинатите се мигранти од африкански држави.
Владата за бомбардирањето ја обвини таканаречената Либиска национална армија под водство на Kалифа Хифтер.
„Нападот беше смислен и прецизен. Ова е ужасно злосторство“, соопшти владата.
ЛНА во понеделникот објави дека ќе почне со жестоки воздушни напади на Триполи, бидејќи „биле исцрпени традиционални начини на војна“.
Сепак, портпаролот на ЛНА изјави дека нивните сили не се виновни за овој напад.
Извор Нова тв