Нова демократија нема да го менува Преспанскиот договор

0
70

 

Политичките претставници на македонците во Грција не очекуваат пречки во спроведувањето на преспанскиот договор по исходот од денешните избори. Павле Васкопулос од Виножито вели дека и со промена на власта Грција ќе мора да ја следи веќе креираната политика за односите помеѓу двете земји.

„Ќе мора да продолжат сите овие точки што се предвидени со договорот. Мора да биде така, одиме напред, кон нова ера, кон нови односи. Ќе биде многу тешко да се врати грчката политика назад и да имплементира крајно непродуктивни чекори и политики против соседната држава. Може ќе сервира за внатрешни потреби кон грчката јавност едно, ама во пракса мора да одиме напред. Ова е и предуслов за двете држави да имаат подобра иднина во рамки на Европската унија, вели Павле Васкопулос.

Васкопулос не гледа реална закана по ова прашање ниту во јавните настапи на лидерот на Нова Демократија и неговиот пратеник Никос Дендиас кој се споменува како потенцијален нов министер за надворешни работи. Вели дека изјавите на Мицотакис за вето доколку Македонија не попушти во преговорите за промена на трговската марка, но и најавите за редоговарање на прашањата за македонското државјанство, јазик и нација се само обид да се задоволи грчката јавност.

„Мицотакис сервира радикални анти-македонски политики заради внатрешни потреби, исловно кажано така се истренирани просечните грчки граѓани – крајно радикални кон македонското прашање. На средбите Мицотакис на европските маси имаше поинаква реторика. Едно е како во Грција употребува термини и радикални изјави кон македонското прашање, а сосема поинаку во рамките на европските структури. Сметам дека уште во првите месеци од превземањето на власта тоа ќе се докаже на дело“, вели Васкопулос.

Васкопулос сепак потенцира дека односите помеѓу двете земји можат да имаат подобра перспектива кога и Македонија ќе стане рамноправна членка на европското семејство, нешто што очекува да се случи во следните години.

Извор Сител