Платите на вработените во градинките пораснаа за 21%, Царовска: Ова е најголемото покачување

0
77

Вработените во градинките за една година ќе добијат покачување на платите за 21%. За месец јуни сите вработени ќе добијат плати повисоки за 16%, што во просек изнесува за 3.000 денари повеќе, додека пак од септември, месечните приходи на стручниот кадар во градинките ќе се зголемат за дополнителни 5%. Според министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ова е најголемото покачување досега на вработените во детските градинки

Покачувањето се врши согласно Законот за вработените во приватниот сектор, а ќе бидат опфатени воспитувачките, негувателките, стручните соработници како педагози, психолози, логопеди, дефектолози и другите професии поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Царовска за покачувањето информираше на денешната средба со вработените и директорите на градинките. Ангела Ангеловска Усевска, директорка на градинката „Мајски цвет“, рече дека по подолг временски период, настапуваат позитивни промени во предучилишното образование.

Меѓу другото, министерката Царовска додаде дека нивната цел како Влада е бројот на деца во предучилишно образование да се зголеми за 50%, со цел да се постигне европскиот стандард кој е 98%. Инаку, во Македонија во моментов само 36% од децата се запишани во детски градинки.

Извор тв 21

https://youtu.be/9uHPUeXhE24?t=2