Пронајдени 79 мигранти во камион кај Гевгелија

0
132

Полициски службеници од полициската станица за граничен премин на Богородица во соработка со полицајци од Унгарија, кај Гевгелија сопреле камион во кој биле пронајдени 79 мигранти.

Како што информираат од МВР, полициските екипи контролата ја спровеле во Гевгелија на местото наречено Касарна, при што сопрен бил камион „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишник од Стојаково.

По извршената проверка, било утврдено дека камионот бил во сопственост на 32-годишен скопјанец.

Во возилото биле пронајдени 79 мигранти, а возачот на камионот бил уапсен за натамошна постапка.