Рама: Немам ни една клетка грчка крв, јас сум православен Албанец

0
201

Албанскиот премиер Еди Рама ги демантираше грчките медиуми кои нагласуваат дека во него има и грчка крв.

“Кај мене нема ниту една клетка грчка крв туку сум првославен Албанец онака како што има и првославни Грци , што значи дека првославните Албанци се Албанци како што и првославните Грци се Грци,, нагласи во интервју за албанските медиуми албанскиот премиер Рама .

Коментирајки ги најавите на новата влада на Грција околу одредени услови што Тирана треба да ги реализира за да добие датум на преговори во октомври , особено околу правата на грчкото малцинство во Албанија , Рама истакнува дека Албанија имала секогаш добри односи со Грција , и ако имало одредени недоразбирања тие сега се минато.,, Со новата влада во Атина очекуваме продолжување на дијалогот за прашања кои се однесуваат на почитување, разбирање и пријателство, што значи и поставување на прави точки поврзани со правата на грчкото малциснтво во Албанија ,, истакнува албанскиот премиер Еди Рама . ,, Што се однесува до преговорите , одлуката за почетокот на давање на датум за проговори нема врска со Албанија , туку со внатрешните динамики на ЕУ,станува збор за политика и нема врска со објективната техничка оценка .Во октовмри може ае да се случи , јас не исклучувам ниту една верција,, вели Рама .