„Сакам да работам“ – Анти Коцкање водат жестока негативна кампања против казината и обложувалниците

0
425

 

Од Здружението „Сакам да работам“ велат дека Антикоцкање од Тетово водат жестока негативна кампања против казината и обложувалниците. Тие до медиумите испратија соопштение. Ви го пренесуваме во целост.

 

-Со особено внимание ги слушаме нивните аргументи. Сепак, жалиме што не отстапуваат од пристапот преку жестока негативна кампања, која трае веќе со месеци, да ја престават дејноста како најголемата закана за младите, а истовремено да креираат впечаток во јавноста дека објектите каде се организираат игри на среќа се „дувла“ на наводен криминал во кој најмногу страдаат малолетниците. Не е точно и нема да дозволиме јавноста да се носи во заблуда дека игрите на среќа се најголема закана за младите генерации. Ние претставуваме 7 700 вработени во оваа дејност. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца и никогаш не би се согласиле да бидеме дел од нешто што ги прави нив потенцијални жртви. Најмалку 23 000 граѓани преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 000 работни места,што ни дава дополнителна одговорност да се бориме за вистината. Во автомат клубовите и казината одамна се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ, се е 100% законски! Во објектите влегуваат најмногу 3% од полнолетнатапопулација. Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ го уважуваме значењето на потписите на иницијативата на „Антикоцкање“ од Тетово за интервенции во законот за организирање игри на среќа. популација, кои се традиционални играчи. Тие претходно веќе играле, најчесто во западните земји и си ја пробуваат среќата. Во автомат клубовите имаме дежурен психолог кој стои на располагање за секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа. Тој веднаш може да го контактира за стручна помош. Во ниту еден објект, не смеат да влегуваат малолетници и секој наш апарат 365 дена во годината е поврзан со УЈП.

Учествувавме во јавната расправа организирана од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Северна Македонија и побаравме од надлежните државни институции, пред да донесат конечна одлука со какви измени и дополнувања ќе се интервенира во законот за игрите на среќа, да ни биде овозможено со нашите предлози, мислења и лично искуство да влијаеме на носење поквалитетно решение со целосен опфат и државна контрола на сите видови игри на среќа. Не бегаме од дополнителна регулација, напротив уште лани нашите правни тимови доставија предлози до законодавната власт.

Одговорно тврдиме дека предлозите за дислоцирањето на објектите во кои се организираат игрите на среќа на 3 км надвор од урбаните средини нема да ја постигне целта за која јавно се залага „Антикоцкање“ од Тетово. Сигурни сме дека едно избрзано решение само ќе креира предуслови за отворање на „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите ќе бидат далеку повеќе загрозени, а државниот буџет со намалени приходи.

Доволно е да се потсетиме на аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени околу 1000 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници. Постојат поефикасни решенија од инсистирањето за дислоцирање на објектите со игри на среќа, како на пример, напуштање на досегашната пракса за издавање на лиценца за трговското друштво и воведување на лиценца за секој објект во кој се организираат игри на среќа. Јавноста треба да земе предвид дека игрите на среќа до сега обезбедуваат буџетски приходи од четвртина милијарда евра на годишно ниво. Подготвени сме со аргументи и факти да се соочиме со сите кои мислат поинаку од нас, и на јавноста да и објасниме дека младите генерации не се под закана од игрите на среќа. Бараме како Здружение на вработени во сектор на игри на среќа да бидеме поканети не секоја јавна расправа во врска со дејноста игри на среќа.

Со почит,
Здружение на вработени во сектор игри на среќа
„Сакам да работам“