Се преврте автомобил на автопатот Мајка Тереза, возачот и двајца сопатници повредени

На автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово, патничко мотроно возило “Опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ц.С. (40) од гостиварско, вчера во 18,30 часот н излетало од коловозот и се превртело.

Со тешки телесни повреди се здобил Ц.С. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје.