Силна експлозија и жртви, можен терористички напад во Турција

0
214

Три лица загинаа во експлозија на автомобил бомба во градот Рејханли во турската провинција Хатај на границата со Сирија, пренесува агенцијата Анадолија.

Во тек е истрага, а на местото на настанот има повеќе возила на брзата помош и полицијата, пренесува агенцијата.

Како што пренесува „Вашингтон пост“, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оценил дека најверојатно станува збор за терористички напад.

„Очигледно е дека во автомобилот имало бомба. Првичните информации од местото на инцидентот укажуваат би можело да е терористички акт“, рекол Ердоган додавајќи дека тројцата загинати биле Сиријци коишто се возеле во автомобилот.