И поминати 18 години, откривањето на случајот со дванаесетте киднапирани Македонци не е ниту во зародиш, реагираат нивните семејства на одбележувањето на годишнината од овој трагичен настан во тетовско Непроштено, објави Телма
Властите ги кријат сите немили случки од 2001 години, и ја лажат јавноста дека преку законот за амнестија изгласан во собранието случаите од воениот конфликт се затворени, вели Војо синот на Крсто Гоговски еден од киднапираните.
Посмртните останки на Крсто Гоговски и Васко Михајловски и двајцата киднапирани од Непроштено, 14 години беа во Институтот за судска медицина. Лани нивните семејства се одлучија да ги подигнат и да ги погребаат на селските гробишта.
Во Институтот има останки на уште двајца киднапирани, кои нивните семејства одбиваат да ги подигнат, а за уште 8 исчезнати нема и трага ни глас.
Од одборот на бранители, велат дека властите имаат сознанија за целиот случај и вистината еден ден мора да ја откријат
Случајот со киднапираните Македонци познат како Непроштено, заедно со случаите водство на ОНА, Затворање на Липковска брана и Малтретирање на Мавровските работници не добија судска завршница, откако престанаа кривично да се гонат одговорните за овие предмети, по изгласаната амнестија во собранието во 2011 година