СРПСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА ЌЕ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА МОРИНА

0
74

Министерството за правда на Србија официјално е информирано дека Томор Морина, поранешен член на Ослободителната војска на Косово, е уапсен во Северна Македонија по потерница на Србија.

Во Министерството за Танјуг изјавија дека ќе поднесат барање за екстрадиција на Морина.

Со барањето за екстрадиција ќе бидат доставени и потребните документи за одлуката за екстрадиција.

Морино српското Обвинителство за воени злосторства го сомничи за воените злосторства против цивилите во Косово.

Медиумите во Приштина вчера објавија дека Морина учествувал во борбите во косовскиот регион Дукаѓини.