Томор Морина излегува од притвор!

0
126

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознава алсат од адвокатот на Морина, Насер Рауфи. Томор Морина е уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол. Властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

Вчера адвокатот Рауфи, за алсат брифираше дека поднел барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Томор Морина да се брани од слобода.