Шкендија, сепак, успеа да го „сруши“ составот на Номе Калју во Талин, и да направи голем чекор напред кон 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тетовци се стекнаа со оваа предност благодарение на голот на Агим Ибраими во 81. минута од слободен удар.
Откако во првиот дел Радески ја погоди пречката, во второто полувреме Шкендија имаше уште шанси. Најпрво Агим Ибраими во 52. минута од слободен удар се закани, а потоа во 80. минута беше досуден пенал за тетовци. Сигурен реализатор беше Ибраими кој што стрелаше прецизно во долниот лев агол од голот на Естонците, и носи голема предност за тетовскиот тим.
На крајот можеше да биде и 0:2 за уште помирен реванш во Скопје, но шутот на Имери со крајни напори го одбрани домашниот голман.
Видео од голот: