Име Вести Македонија Приведена мајката на Пино Секондо

Приведена мајката на Пино Секондо

0
161

 

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, заедно со уште две лица вчера беа приведени поради нарушување на јавниот ред и мир.

Приведените го нарушувале јавниот ред и мир на плоштадот во Скопје за време на одржување на НАТО вежбата „Одлучен удар“, соопштија од МВР

Според МВР, Трпковска и другите две лица одбиле да ги почитуваат наредбите од страна на полициските службеници и ја попречувале полицијата во извршување на службените дејствија.

Пинета Секондо беше пријавен за исчезнат во полиција, од страна на неговата мајка, на 11 декември минатата година. Полицијата го расветли случајот неколку месеци подоцна, кога информираше дека момчето било убиено и закопано во селото Љуботен