Реакција за парадата на гордоста од Скопското муфтиство – ЛГБТ е биолошко и психолошко нарушување (болест)

0
162

Муфтиството на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Скопје реагираше против Парадата на гордоста, која за првпат се организираше во главниот град на Северна Македонија.

Во реакцијата на скопското муфтиство стои дека „со голема индигнација“ биле проследени последните настани „во насока на оправдување на активностите на ЛГБТ“, што според според нив, е причина за уништување на општественото јадро – семејството.

ЛГБТ е биолошко и психолошко нарушување (болест), во контрадикција со човековата природа и со исламските учења базирани на зборовите на возвишениот Алах. Врз основа на ова, обидот да се оправда ЛГБТ на ниво на општеството и законот – државата, претставува заложба за формирање на еден идентитет којшто никогаш нема да се прифати како нормален“, стои во соопштението на скопското муфтиство на ИВЗ.

Оттаму изразуваат длабока загриженост за „таквите активности кои се со тешки последици врз општеството“, притоа, меѓу другото, споменувајќи ги како пречка за здрав развој на човештвото и ширењето на разни болести како СИДА.

Имајќи ги предвид овие и други последици, муфтиството од Скопје апелира до релевантните институции да им помогнат на оваа категорија луѓе да добијат третман, да се рехабилитираат на најздрав начин, да се интегрираат и да бидат корисни за човековото општество“, се вели на крајот на реакцијата на скопското муфтиство.