Тетово го доби првиот хотел со луксузен спа центар

0
1361

Тетово го доби првиот хотел со луксузен спа центар. НБ хотел и Спа, синоќа свечено беше отворен. Целта на сопствениците на овој хотел кои за прв пат влегуваат во овој бизнис, е да им понудат на тетовци тоа што досега го немало во градот.

-Денеска го отвораме хотелот со 5 ѕвездички за прв пат се отвора хотел со Спа цетнар. Ние тука ги имаме и првите гости од Србија од Косово и од Англија. Направивме Спа центар најмодерен може и Скопје нема ваков центар. Имаме скај бар, паркинг, фитнес цетнар, конференциска сала, врвна кујна. И овие услуги на хотелот можат да ги користат и надворешните гости ,рече еден од сопствениците на хотелот Насер Ибиши.

 

Во хотелот ќе се служи иссклучиво свежа храна, а гостите ќе уживаат во домашни специјалитети подготвени од врвни мајстори.

-Ние ќе нудиме свежи продукти, салати предјадења, разни печења, јагнешко телешко, морски специјалитети и храна по нарачка. Ќе служиме традиционална храна. Имаме 5 лица вработени во кујна, помошници и готвачи, јас сум главен готвач и имам 12 години искуство во угостителство. Повеќе се тражи свежо месо, да не биде смрзнато, тражат свежа салата домашно сирење, значи се што е од од овој крај се ќе нудиме, нема да има смрзнато храна се ќе биде од домшно производство, рече Далибор Ванески главен готвач во НБ Хотел и Спа.

На свеченот отворање присуствуваа лица од политичкиот и општествениот живот. Беше организран коктел и забава за гостите

Овој луксузен комплекс се наоѓа на самиот булевар Индустриска веднаш до бензиската пумпа ЛУК ОИЛ