Костадинов вмрежен со Боки 13?

0
54

 

Портпаролот на СДСМ и пратеник Костaдин Костадинов е во правна поврзаност со Боки 13, кој заедно со Катица Јанева и Зоки Кичеец е дел од обвинителско-медиумската група која изнудувала рекет од бизнисмени, пишува Лидер.

Според порталот, од 22 јуни 2017 година Костaдинов е дел од НВО организацијата на Јовановски „Меѓународен Сојуз“.

На написот реагираше Костадинов:

„Господа, можете да го споменувате моето име во најразлични контексти и сценарија, и тоа е ваше право. Јас сум чист и пред себе и пред граѓаните.Ве уверувам дека ние, СДСМ во следните денови ќе ви ги дадеме вистинските одговори. Во интерес на случајот да ги оставиме органите да работат и да не шириме шпекулации.

Тоа што пред 3 години заедно со други видни личности, меѓу кои, нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски и тогашниот британски амбасадор господинот Чарлс Гарет, сум учествувал, како почесен член, во хуманитарни активности, очигледно немате капацитет да го разберете бидејќи вие секогаш сте гледале само на вашите лични интереси наместо како да им помогнете на нашите сограѓани. За клеветите и навредите ќе се видиме на суд“, напиша Костадинов на фејсбук