Жител на Мала Речица со своето возило покосил 10 пешаци.

0
198

 

Возач од Мала Речица додека се враќал од погребна поворка на локалниот пат во тетовско Горно Орашје со своето возило удрил во 10 пешаци.

Сите патници се повредени, а еден од нив на возраст од 73 се здобил со тешки телсни повреди. И повредените пешаци се враќале од погребната поворка

Вчера ( 17 јули ) во 13 часот и 30 минути, на локалниот пат во тетовско Горно Орашје, М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73) од с.Орашје, А.А.(67) од с.Орашје, Р.М.(55) од с.Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, А.А.(71) од с.Орашје, Б.Н.(46) од с.Орашје и С.Џ.(60) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски

Првичните информации говорат дека возачот кој е во поодминати години изгубил контрола и удрил во пешаците.Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот.