Име Вести Македонија АВМУ:Проблематична изјава на Заев најмалку по три основи

АВМУ:Проблематична изјава на Заев најмалку по три основи

0
142
 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение најостро ја осудиа денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“. Според АВМУ таа е проблематична најмалку по три основи.

„Ппремиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност.

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности“, стои во реакцијата на АВМУ.