Беџети: Заев бараше да влијаам врз членови на Судскиот совет!

0
40

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, на денешната прес-конференција обелодени дека лично од премиерот Заев добил барање да влијае врз членови на Судскиот совет за да се разреши претседател на еден од судовите во земјава. Беџети тврди дека одбил да постапи по барањето и за возврат добил обвинение против него од страна на Антикорупциската комисија.

„Премиерот Заев телефонски бараше од мене да влијаам врз членови на Судскиот совет за разрешување на претседател на еден Суд во државата. Откако го одбив, Државната Комисија за спречување на корупцијата, во нестандардна процедура, отвори постапка за дивите платформи на Матка“, рече Беџети додавајќи дека постапката од антикоруоционерите ја сфаќа како директен притисок врз неговата работа.