Героски:Се чувствувам загрозен и небезбеден

0
31

Драги пријатели, вечерашната срамна и заканувачка изјава на премиерот Зоран Заев ме шокираше. Во неа, покрај извесен „педер“ (тоа се негови зборови), се спомнува и „еден суетен новинар“, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Бранко Героски.

„ Таа изјава на социјалните мрежи веќе покрена бран од вербална агресија кон мене. Во овој момент, се чувствувам загрозен и небезбеден, а загрижено е и моето семејство. Поради тоа, ве замолувам, во рамките на вашите можности, да ги известите претставниците на меѓународната заедница за ова што сеслучува“, истакнува Героски, чиј статус е и на англиски јазик.

Ова е јасен повик на мобилизација и во земјава, но и за колегите во странство.

Од друга страна, Героски го повика и претседателот Стево Пендаровски да се изјасни за изјавата на премиерот Заев.