Еден загинат во судир на автомобил и камион на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови

0
49

Едно лице го загуби животот од повредите задобиени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост. Сообраќајот беше во прекин во двата правци од 17 часот.

Како што информира АМСМ, од 18 часот сообраќајот на патниот правец Скудрински Мост-Дебар се одвива по една лента наизменично.

Според првичните информации на СВР Тетово, во сообраќајната несреќа која се случила попладнево учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил „хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.

Наскоро се очекува да започне и увид од страна на јавен обвинител и увидната екипка на СВР Тетово. Во меѓувреме, заради несреќата, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови е во прекин и најверојатно ќе биде пуштен повторно по завршување на увидот